ПРОТОТИПИ НА ЖЕНСКИ ЛИКОВИ ВО МАКЕДОНСКАТА КНИЖЕВНОСТ И ФОЛКЛОРОТ ОД XIX ВЕК
Keywords:
XIX век, книжевност, фолклор, женски ликови, женско прашање
Abstract
Македонскиот XIX век изобилува со женски ликови обработени во поезијата, расказите, драмските дела, патописите и другите книжевни жанрови. Во трудот ќе ги презентираме прототипите на женските ликови во македонската книжевност и фолклорот од XIX век. Ќе ја истакнеме разновидноста на женските ликови (храбри, плашливи, борбени, повлечени) во делата на Константин Миладинов, Григор Прличев, Марко Цепенков, Рајко Жинзифов, Евтим Спространов, Атанас Раздолов и др. Исто така, ќе ги обработиме главните теми кои во себе вклучувале женски ликови во фолклорните записи на браќата Миладиновци, Шапкарев, Цепенков, Наум Тахов и др. Во овие литературни дела и фолклорни записи можеме да го увидиме портретирањето на македонските жени од XIX век.