РЕФЕРЕНЦИЈАЛНОСТА ВО РОМАНОТ „МЕМОАРИТЕ НА АЛБЕРТ АЈНШТАН“ ОД КИРЕ ИЛИЕВСКИ
Abstract
Tекстот не е литературен конструкт зададен и затворен, туку тој е отворен, реферира и комуницира со други текстови. Текстот е една комплексна категорија бидејќи во себе „носи” безгранично голем број предходни текстови. Тој создава свет, но истовремено пресоздава веќе од порано создадени светови кои се дел од културното наследство. Текстот е дијалошки поставен кон литературата, историјата, културата, науката, уметноста, медиумите. Врската меѓу текстовите може да биде интензивна и помалку интензивна. Степенот на интензивноста зависи од густината на интертекстуалните сигнали, нивната екслицитност како и степенот на интегрираноста на стариот текст во новиот. Таа може да биде проверена низ неколку критериуми кои Фистер ги наведува како заклучок од својата анализа на интертекстуалните односи. Тие критериуми се: рефенцијалност, комуникативност, авторефлек сивност, структу ралност, селективност и дијалогичност. Насловот на романот „Мемоарите на Алберт Ајнштајн“ е индикативен од два аспекта. Првиот аспект, затоа што ја насочува љубопитноста на читателот за осознавање на животот на големиот великан на 20 век. Со оглед на фактот што лектирата Алберт Ајнштајн е добро позната на пошироката читателска публика, јасно е дека, уште со самиот наслов, романот остварува комуникациска врска со читателот. Остварувањето на една таква врска се наметнува како единствен услов за негова рецепција. Вториот аспект, затоа што самиот наслов упатува на друг литературен жанр - мемоари кои не се чисто уметнички жанр, туку се препознатливи по тоа што во себе вклучуваат одредена доза на научност и треба да одговорат на прашањето: кој бил Алберт
Ајнштајн?