ПРИМЕНА НА РАЗЛИЧНИ МЕТОДИ НА УЧЕЊЕ НА ИНФОРМАТИЧКИТЕ ПРЕДМЕТИ
Abstract
Користењето на повеќе различни методи на учење е релативно нов пристап. Овој пристап е оној што професорите од неодамна започнаа да го препознаваат и да го применуваат. Традиционалниот начин на учење кој се користи (и продолжува да се користи) главно користи јазични и логични наставни методи и многу малку останати техники за учење. Како и професорите, така и секој студент има свој начин на учење. Изборот на методот ја подобрува брзината и квалитетот на учење на студентот. Едни од најпознатите методи на учење се: визуелното учење (со користење на слики), ауралното (со музика и звук), вербалното (јазично), физичкото (со користење на телото, рацете), логичкото (користење на математика за размислување), социјалното (учење во група) и персоналното (индивидуално учење). Секој од овие методи на учење е добар на свој начин и има големо влијание врз студентот, затоа што користи различни делови од мозокот. Во овој труд ќе видиме како и колку од овие методи се применуваат при изучување на информатичките предмети.