ОСНОВНИ НАЧЕЛА НА ПРИРОДНИОТ ПРИСТАП НА КРЕШЕН И ТЕРЕЛ
Abstract
Трудот претставува теориска интерпретација на карактеристиките на природниот пристап на Крешен и Терел кој е заснован врз теорија за усвојување на јазикот според која јазикот се усвојува кога ученикот е изложен на разбирлив и интересен инпут кој е малку над нивото на познавање на јазикот на кое се наоѓа тој, во услови на низок афективен филтер. Во воведниот дел накратко се опишуваат основните карактеристики на комуникативниот пристап. Во продолжение се разгледуваат ставовите на Крешен и Терел и се претставуваат основните начела врз кои се базира природниот пристап. Се дава кратко објаснување на хипотезата на учење, односно усвојување, хипотезата на
монитор, хипотезата на природен редослед, хипотезата на инпут и хипотезата на афективен филтер. Во завршетокот на трудот се констатира дека Крешеновата
теорија за усвојување и учење на јазикот претставува еден од првите обиди, теоретски да се оформи размислувањето за усвојувањето на јазикот.