РЕФЛЕКСИЈАТА НА ОДДЕЛНИ ТЕЛЕВИЗИСКИ СОДРЖИНИ И ПОЈАВАТА НА НАСИЛСТВО КАЈ ДЕЦАТА
Abstract
Современите медиуми овозможуваат подобра комуникација меѓу поединците, ги поврзуваат луѓето, овозможуваат размена на информации, ги прошируваат културните видици, оживуваат стари обичаи, го будат интересот, посебно на младите, за усвојување на научни и културни достигнувања кои ja богатат животната и моралната димензија на младиот човек. Современите медиуми имаат огромно влијание врз развојот на општеството и формирањето на јавната свест. Покрај позитивните влијанија врз развојот на општеството, на површина испливуваат и многу негативни влијанија, пред се кога неодговорно се користат. Во последно време, посебно телевизијата, продуцира програма
исполнета со насилство кое, во секој случај негативно влијае врз развојот на младата личност. Сведоци сме на се позачестено манифестирање на насилството и агресијата насекаде околу нас и во целиот свет, нивното cè позачестено присуство и во практиката и преку мас-медиумите придонесува cè поголем број деца и младинци да практикуваат агресивно однесување кое, во најголема мера е резултат на неговото прикажување од страна на телевизијата. Целта на овој труд всушност е да се утврди колку одделни содржини кои се емитуваат на телевизија влијаат врз креирањето на насилство, посебно помеѓу младите, кои се уште немаат формирани јасни ставови, вредности и верувања.