ИСКУСТВЕНО УЧЕЊЕ КАКО АЛАТКА ЗА ИНСПИРИРАЊЕ НА УЧЕНИЦИТЕ ВО УГОСТИТЕЛСКОТО ОБРАЗОВАНИЕ
Abstract
Културните, економските и општествените промени создадоа потреба од различни пристапи кон образованието. Глобализацијата, што ја зголемува меѓународната меѓузависност, создавањето на нови знаења и застареноста на постарите знаења, значи дека наставниците и учениците мора да бидат отворени за промени и нови можности. Едноставното влегување на учениците на училиште за да им се даде традиционално образование нема да биде доволно. Затоа од голема важност ќе биде да им се помогне на учениците да ги научат вештините што им се потребни за работните места во иднина. Искуственото учење е тоа што го принудува образованието да ги промени начините на учење. Искуственото учење претставува позитивно и значајно дополнување на теоретските знаења кои што ги стекнуваат учесниците низ процесот на учење преку искуство, снаоѓање, упатување и запознавање со една нова средина, една култура на организазција, а од друга страна, претставуваат потенцијални вработени доколку бидат детектирани како такви од идните работодавачи каде што обавуваат практична настава.