ВЛИЈАНИЕТО НА ГЛОБАЛИЗАЦИЈАТА И КУЛТУРНИТЕ ПОЛИТИКИ ВРЗ ВИДЛИВОСТА НА НАЦИОНАЛНИТЕ КНИЖЕВНОСТИ (Пример : Норвешка книжевност)
Abstract
Поттикнати од една статија која имаше позитивно инспирирачка нота, со наслов „Норвешка е најдобрата земја во светот за писателите“ решивме да направиме истражување кое ќе ја расветли оваа реченица, а подоцна ќе ни донесе заклучок со кој во иднина би можеле да направиме поголемо истражување, компаративна анализа помеѓу македонските културни политики наспрема норвешките културни политика но, само во делот за книжевноста. Поради ова, ќе ја истражиме заштитата и материјалната помош на уметниците-писатели во оваа држава и, како се поставени културните политики во Норвешка за овој придонес. Низ прашањата : Какво е влијанието на глобализацијата
врз светската книжевност? Кои се стандардите на културните политики во Норвешка за афирмација на своите уметници – писатели? Дали норвешките културни политики во однос на книжевноста, се вистинската порта за поголема видливост на националната книжевност во рамката на светската книжевност? Пример за афирмација и промоција на националната книжевност со цел за нејзина поголема видливост во рамката на светската книжевност.