ПРЕДИЗВИЦИТЕ ОД ПОЛИТИЧКАТА ГЛОБАЛИЗАЦИЈА ЗА ДРЖАВИТЕ
Abstract
Глобализацијата е феномен кој условно кажано го нарушува суверенитетот на државите и ги надминува националните граници, преку примена на принципот на либерализација на економијата, ги брише националните граници на државите, врши елиминирање на национални ограничувања за трговска размена, истовремено тежнеејќи да создаде своја цивилизација која ќе ги воедначува културните особини на народите во различни држави во светот.
Во овој труд ќе се осврнеме на влијанието кое глобализацијата го остварува во меѓународната заедница, ќе го согледаме и вијанието врз белезите на државата како важни правни критериуми за дефинирање на државноста и за стекнување на статус признавање во меѓународното право и меѓународните односи, но и на улогата на глобализацијата во создавањето на глобална култура кај државите.