ГЛАСОВНИТЕ СИСТЕМИ НА ШПАНСКИОТ И НА АНГЛИСКИОТ ЈАЗИК
Abstract
Кога се изучува странски јазик, вообичаено некои фонеми се изговараат различно од тоа како би биле изговорени од родените говорници. На пр. кога странци учат да зборуваат англиски јазик, тие можеби поинаку изговараат некои англиски фонеми за разлика од оние чиишто мајчин јазик им е англискиот. Тоа се случува поради разликите од фонолошки аспект кои постојат помеѓу двата јазика т.е. дали звукот одговара на буквата, дали фонемите се долги или кратки, кои се разликите во однос на артикулацијата на гласовите односно местото и начинот на образување на гласовите итн. Сето тоа претставува голем предизвик за учениците при совладувањето на изговорот, во процесот на учење на странски јазици. Во овој труд се дава преглед на гласовните системи на шпанскиот и англискиот јазик и се прави контрастивна анализа на истите, се презентираат разликите во изговорот на самогласките и најчестите фонетски интерференции помеѓу англиските и шпанските вокали.