ПРОСВЕТИТЕЛСКИОТ ЛИК НА СВ. КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ ВО ПРЕДАНИЈАТА И ЛЕГЕНДИТЕ
Keywords:
Климент Охридски, Учител, Историја, Предание, Дејност
Abstract
Прилогот претставува краток преглед на ликот на Климент Охридски, изработен врз основа на постоечката избрана од нас историска литература и литературата посветена на просветителскиот лик на Климент Охридски.
Просветителскиот лик на Климент Охридски се разгледува врз избрани мотиви кои се среќаваат во македонското народно творештво. Целта на трудот е да укаже и оцени неговата улога и заслуга за развојот на словенската писменост и книжевност. Работејќи на македонска територија, плодовите од неговата работа пред сѐ, ги ползувале македонските Словени. Затоа во македонскиот народ за него живее легендата што го велича и слави како прв просветител и книжевник.