КУЛТУРА И КУЛТУРНА ДИПЛОМАТИЈА ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА
Abstract
Културата и културната дипломатија во годината на здравствена пандемија доживуваат трансформации диктирани од одлуките на официјални владини политики кои ги карактеризираат бројни ограничувања. Културата и културната дипломатија се меѓу областите кои се најдиректно погодени од таквите рестриктивни политики. Културните политики на државите и владите се ставени во еден подолг период во состојба на мирување. Најживата и највиталната општествена област каква што е културата се наоѓа на маргините на општествените случувања, иако повеќемесечните соочувања со сите предизвици кои ги донесе пандемијата укажуваат дека проблемите со кои се судираат владите во нивното менаџирање на оваа криза се во суштина проблеми од културолошка природа и карактер. Културата, културните политики и културните дипломатии можат да имаат исклучително важна и корисна функција во процесите на едуцирање и совладување на предрасудите кои за време на пандемијата се регистрираат во одредени културни контексти и милјеа. Препознавањето на културниот контекст каде светскиот здравствен проблем се третира се негирање или потценување, културата, културните
политики и културните дипломатии можат многу полесно да го препознаат, да го комуницираат и да изнаоѓаат методи и средства во склад со спецификите на секој културен контекст, поединечно. И таквата мисија и визија, може да се преточи во културолошка акција која би ефектуирала посакувани резултати кои државата само со политички и економски мерки не успеа да ги постигне во цел изминат период на борба против пандемскиот вирус.