Интерперсоналните односи како индикатори за педагошката клима во училиштето и одделението
Abstract
Интерперсоналните односи имаат значајна улога во животот на секој човек. Сите ние зависиме од другите во поглед на разбирање, информација, охрабрување и многу други видови на пораки кои влијаат на нашата претстава за нас и ни помагаат да откриеме што другите очекуваат од нас.Интерперсоналните односи и нивното формирање значајно влијаат на воспитниот процес. Нивното неправилно формирање води до воспитни тешкотии, а подоцна и до психоневроза. Затоа треба да им се посвети посебно внимание во воспитно-образовниот процес. Целта на трудот е да се укаже на значењето на интерперсоналните односи кои се формираат меѓу главните учесници во воспитно-образовниот процес и нивното влијание врз формирањето на позитивна и поттикнувачка одделенска клима. Истовремено ја акцентира и улогата на настaвникот во формирањето на интерперсонaлните односи. Тој во својата секојдневна работа треба да се труди да создава атмосфера на доверба меѓу возрасен и дете, и во тој однос да внесе топлина, љубов и култура на однесување.
Downloads
Published
2013-10-24
Issue
Section
Articles