ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ВО ГОДИШЕН ЗБОРНИК НА ФТБЛ

2024-06-27

Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, објавува Повик за доставување на трудови за четвртиот број на Годишниот зборник.

За таа цел, Ве покануваме да придонесете со Ваш ракопис во Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика.  

Годишниот зборник промовира ракописи од повеќе области, и тоа: Современи трендови во логистиката; Синџири на снабдување; Економска политика; Меѓународна економија; Бизнис менаџмент; Финансии; Економија; Трговија; Бизнис; Фискална политика; Јавна администрација; Маркетинг; Менаџмент; Претприемништвото; Сметководство и ревизија; Менаџмент на квалитет; ЕУ интеграции; Економија на пандемија; Циркуларна економија; Мерење во економијата на пандемија; Туризам; Угостителство; Гастрономија; Аспекти на животната средина; Менаџмент во туризмот и угостителството; Картографија и просторно планирање; Културно наследство; Хотелски менаџмент; Управување со процеси; Еко туризам; Енергетска ефикасност.

Трудовите може да се објавуваат на македонски или на англиски јазик. Правилата за изработка на трудовите се дадени на линкот. Еден автор може да се појави со најмногу два ракописа во еден број на зборникот.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 20 септември 2024 и трудовите треба да бидат доставени на следнава адреса: grp-ftbl-godisenzbornik@ugd.edu.mk.