Announcements

ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ТРУДОВИ ЗА ГОДИШЕН ЗБОРНИК 2023 НА ФАКУЛТЕТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКA

Факултетот за Туризам и Бизнис логистика, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, објавува Повик за доставување на трудови за Годишниот зборник. За таа цел, Ве покануваме да придонесете со Ваш ракопис во Годишниот зборник на Факултетот за туризам и бизнис логистика кој има меѓународен карактер.

Годишниот зборник промовира ракописи од областа на Современи трендови во логистиката, Синџири на снабдување, Економска политика, Меѓународна економија, Бизнис менаџмент, Финансии, Економија, Трговија, Бизнис, Фискална политика, Јавна администрација, Маркетинг , Менаџмент,  Претприемништвото, Сметководство и ревизија, Менаџмент на квалитет, ЕУ интеграции, Економија на пандемија, Циркуларна економија, Мерење во економијата на пандемија, Туризам, Угостителство, Гастрономија, Аспекти на животната средина, Менаџмент во туризмот и угостителството, Картографија и просторно планирање, Културно наследство, Хотелски менаџмент, Еко туризам, Енергетска ефикасност. Повикот е отворен за автори кои доаѓаат од академската заедница вклучувајќи студенти запишани на трет циклус на студии. Трудовите може да се објавуваат на македонски и англиски јазик.

Правилата за изработка на трудовите се дадени во овој повик.

Повикот за доставување на трудови е отворен до 1 октомври 2023 и трудовите треба да бидат доставени на следнава адреса: grp-ftbl-godisenzbornik@ugd.edu.mk