СОВРЕМЕНО РАБОТЕЊЕ И ПРИМЕНА НА КАИЗЕН ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ПРОЦЕСИТЕ
DOI:
https://doi.org/10.46763/Keywords:
Алатки, техники, концепт, метод, обука, одржливост, мерливост.Abstract
Каизен е методологија која се фокусира на континуирано подобрување на процесите преку мали и постепени промени. Целта на овој труд е да се прикаже примената на различни Каизен алатки за унапредување на деловните процеси во современото работење. Предмет на објаснување се важните методи кои се користат Метод на седум загуби (7W – Seven Wastes), 5S метод, метод Пока Јоке (Poka Yoke), метод 5 Зошто (5 Whys), Ishikawa дијаграм (дијаграм на рибина коска/причина-ефект) и Точно на време (Just-in-time), преку кои организациите идентификуваат загуби, ги подобруваат процесите и ја зголемуваат ефикасноста. Методолошкиот пристап во трудот вклучува анализа на релевантна литература, студија на случај и компаративна оценка на ефектите од примената на конкретни алатки во реални деловни средини. Трудот ги нагласува предностите и недостатоците од структуриран и систематски пристап во менаџирањето со процесите, при што истите се објаснети како предуслов за долгорочен развој и конкурентност на организациите. Корисноста на истражувањето дава можност за директна примена на добиените сознанија во индустриските практики, додека бенифициите се рефлектираат во долгорочни подобрување на квалитетот, намалување на трошоците и зголемување на вклученоста на вработените. Вклучувањето на сите вработени во процесот на подобрување ја поттикнува тимската работа и ја зголемува мотивацијата. Со постојано подобрување, компаниите стануваат посилни и подготвени за идни предизвици.