ЕФЕКТИТЕ НА КОВИД-19 ПАНДЕМИЈАТА ВРЗ МЕЃУНАРОДНИТЕ ОДНОСИ: ТРАНСФОРМАТИВНА МОЌ НА ГЛОБАЛНАТА КРИЗА

  • Христина Рунчева-Тасев
  • Филип Стојковски
Keywords: КОВИД-19 криза, меѓународни односи, дистрибуција на моќ, вакцинална дипломатија

Abstract

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 наметна сериозни предизвици за државите на глобално ниво. Оваа трета криза на 21-от век влијаеше врз тоа да настапи еден од најтешките периоди за здравствените системи, но и економиите на државите ширум светот. Трудот има за цел да го прикаже влијанието на пандемијата врз меѓународните односи во глобални рамки, преку трансформативната моќ на оваа криза која влијаеше врз дистрибуцијата на моќ помеѓу големите светски сили, а особено врз односите САД-Кина. Бројот на вооружени конфликти во светот значајно се намали, падот на економиите се одвиваше со забрзана динамика, а слободното движење се најде под удар на рестрикциите. Вакцините станаа едно од најмоќните орудија на влијание на големите сили, а истовремено ги истакнаа и недостатоците на мултилатералната соработка  за сметка на јакнење на националните капацитети на државите. Покрај фактот што пандемиите бележат репетитивност и создаваат несовладливи последици, гледано низ историски контекст, авторите ќе заклучат дека овие неповолни состојби нé потсетуваат дека светот е недоволно подготвен за кризни состојби од овој вид и во иднина неопходно ќе биде државите да се посветат подобро на менаџирањето со кризи и соодветно планирање на финансиските и човечките ресурси.

Клучни зборови: КОВИД-19 криза, меѓународни односи, дистрибуција на моќ, вакцинална дипломатија.

Published
2021-11-03