ФАКТОРИ И УСЛОВИ ЗА РАЗВОЈ НА ВЕРСКИ ТУРИЗАМ ВО ОПШТИНА БИТОЛА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА МАНАСТИРСКИОТ ТУРИЗАМ

  • Никола В. Димитров
Keywords: верски храмови, празници, верници, туристички движења

Abstract

Македонија е библиска земја и крстосница на повеќе религии (христијанство, ислам, јудаизам и др.).
Општината и градот Битола се добар пример на мултиконфесионален простор кој располага со мотиви за верски
туризам. На овој простор се среќаваат повеќе цркви, манастири, џамии и други верски објекти. Во статијата,
користејќи литература и емпириско истражување се обработени факторите и условите за развој на верски туризам
во општина Битола, со посебен осврт на манастирскиот туризам. Од делот на фактори, повеќе се задржуваме на
бројот, видот и важноста на верските објекти за развој на верскиот туризам во градот и општината. Од условите,
посебно е истражена состојбата со манастирите како главни капацитети за сместување на верници и други
посетители. Во истражувањето се користат и статистички податоци за движење на туристичката посета. Целта на
трудот е преку анализа да се согледа улогата на факторите и условите за развој на верски туризам во општина
Битола. Посебно внимание се посветува на анализа на активните манастири и нивните можностите за практикување
на манастирски туризам преку промоција на верска и туристичка понуда за поголема посета од верници и туристи.

Published
2021-11-03