ОБУКАТА И РАЗВОЈОТ НА ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО ЕКОНОМИСУВАЊЕ НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

  • Емануела Есмерова
  • Драшко Атанасоски
Keywords: обукa, развој, човечки ресурси, претпријатија, економисување

Abstract

Преку дефинирање на обуката и развојот на примената на вредносните системи, треба да се назначат и улогите коишто сите учесници ќе ги земат, така што секој ќе ја игра својата улога на ефикасен начин и во таа смисла ќе ја  преземе одговорноста, а истото е можно само доколку се разграничат улогите. По обуката би се очекувало да биде намален бројот на грешки во работењето, поголеми искористување на ресурси во работењето и на поефикасен и поефективен начин преку намалување на потребата за супервизија што значи дека вработените направиле еден чекор напред во нивниот професионален развој. Треба да се знае дека сe она што вработениот го носи во себе како потенцијал, не мора да е видливо односно најчесто уникатен концепт на функционирање на индивидуите. Карактеристиките и одлуките на личноста како и елементите од каде што индiвидуата ја црпи мотивацијата се најчесто  скриени

Published
2021-11-03