УЛОГА И ЗНАЧЕЊЕ НА ФИНАНСИСКИОТ МАНАЏМЕНТ ЗА РАБОТЕЊЕТО НА ТУРИСТИЧКО - УГОСТИТЕЛСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

  • Златко Јаковлев
Keywords: Финансиски менаџмент, менаџмент, финансиски одлуки, деловни финансии, туризам, туристичко - угостителски претпријатија

Abstract

Една од суштествените работи на менаџерските активности е донесување на деловни одлуки, меѓу кои и
финансиски одлуки. Финансиското одлучување на менаџментот во туризмот и угостителството се карактеризира со потреба за акција и постоење на повеќе насоки за нејзино реализирање. Едновремено поврзувањето на наведените активности во функција на правилно финансиско одлучување претставува основен услов и задача на финансискиот менаџер во туризмот и угостителството. Се разбира, сето тоа во насока на постигнување на крајната цел, зголемување на цената по акција на акционерите. Во таа смисла, финансискиот менаџмент во туристичко - угостителските претпријатијата треба да даде одговор на оптималната употреба, односно користење на средствата, обезбедување на извори на финасирање, обезбедување на оптимален трошок на ангажираниот капитал, одлучување за распределба на добивката, како и политиката на дивиденда.

Published
2021-11-03