СОВРЕМЕНИ ТРЕНДОВИ НА СИНЏИРИТЕ НА СНАБДУВАЊЕ ВО ВРЕМЕ НА ГЛОБАЛНИ ПРОМЕНИ – СОСТОБИ И ПЕРСПЕКТИВИ

  • Марио Чобанов
Keywords: Логистика, маркетинг канали, дигитализација, вештачка интелигенција, циркуларна економија, одржлив развој

Abstract

Глобалните промени на кои бевме сведоци изминатата година придонесоа да дојде крајот на конвенционалните бизнис-модели и синџири на снабдување, како и активна емулација на современите трендови на синџирите на снабдување од страна на компаниите кои се насочени кон стратегијата за одржлив развој и доживотно учење. Целта на ова истражување во првиот дел е теоретски да се апстрахираат современите трендови на синџирите на снабдување во ерата на глобалните промени, додека во вториот дел, да се истражи и презентира состојбата на дел од домашните компании за примената на современите трендови на синџирите на снабдување во време на глобални промени, како и да се елаборираат перспективите од нивна емулација.  Предметот и целта, но и актуелноста на ова истражување го наведе авторот да примени современа научноистражувачка методологија карактеристична за дадената научна реалност во поле на логистиката и синџирите на снабдување. Наодите од истражувањето ја потврдуваат генералната хипотеза која беше поставена: постои реална можност македонските компании во време на глобални промени да ја препознаат перспективата на современите трендови на синџирите на снабдување.

Published
2021-11-03