ПОЛИТИКИ ЗА РАЗВОЈ НА РОДОВО ПРЕТПРИЕМНИШТВО

  • Марија Магдинчева-Шопова
  • Анета Стојановска-Стефанова
Keywords: родова еднаквост, родова нееднаквост, основните меѓународни индикатори, родов јаз

Abstract

Постигнување на рамноправност помеѓу мажите и жените претставува еден од темелните принципи на
Европската унија. Едно од основните подрачја каде се прават обиди да се примени принципот на рамноправност е пазарот на трудот односно еднаква застапеност на жените и мажите на пазарот на трудот. Родовото претприемништво претставува нов современ пристап за решавање на проблемите кои
произлегуваат од нееднаквата застапеност на жените и мажите во бизнисот и извршувањето на претприемничка активност. Во рамките на овој труд ќе биде даден теоретски приказ и дефинирање на термините родово претприемништво. Развојот на родовото претприеништво се јавува како резултат на одредените промени во окружувањето посебно на промените на глобалниот пазар и изразените напори за постигнување на родова еднаквост. Проблемот на родова нееднаквост е евидентен во севкупните економски текови во Р.С.Македонија на што упатуваат голем број на спроведени истражувања и извршени компаративни анализи со други земји. Родовото претприемништво се јавува како одговор на потребите на општеството и остварување на определените цели за постигнување на родова еднаквост. Поради тоа главниот дел од трудот ќе биде насочен кон анализа на основните меѓународни индикатори кои овозможуваат мерење на родовата еднаквост односно нееднаквост. Составен дел од трудот е направената анализа за значењето и имплементацијата на политиките за постигнување на родова балансираност. Врз основа на спроведените истражувања се констатира дека во нашата земја нема реализирано соодветно теоретско и емпириско истражување за тоа дали и колку се применуваат политиките за постигнуавње на родова еднаквост од економски аспект, поради што што во заклучокот од трудот ќе бидат дадени насоки за подобрување на состојбата со родовата нееднаквост.

Published
2021-11-03