ПРАВНАТА РЕГУЛАТИВА И COVID-19 КРИЗАТА ВО ТУРИСТИЧКИОТ СЕКТОР ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

  • Климент Арнаудов
  • Данијела Милошоска
Keywords: COVID-19 криза, туристички сектор, COVID-19 протоколи, Safety Travel Stamp сертификат

Abstract

Светот се соочува со COVID-19 пандемијата која покрај тоа што се одрази врз здравствената состојба на многу луѓе предизвика и кризна состојба во многу економски сектори. Кризата веќе се претвори во шок врз економијата и пазарите на трудот, при што влијае не само на производството на стоки и услуги, туку и на потрошувачката и инвестициите. Сите компании се соочуваат со сериозни предизвици, особено оние во воздухопловната, туристичката и угостителската индустрија, со реална закана од значителен пад на приходите, загуба на работни места и згаснување на бизнисот. По забраните за патувања, затворањето на границите и карантинските мерки, многу работници не можат да стигнат до своето работно место или да ја вршат својата работа, што има домино-ефект врз приходите. Затоа се јавува потребата од низа мерки на политиките на национално и глобално ниво со кои ќе се ограничат директните влијанија на COVID -19 врз здравјето на работниците и нивните семејства, а истовремено и за да се ублажат индиректните економски последици. Чекорите на владите во секоја земја треба да бидат насочени кон закрепнување од првичните ефекти што ги предизвика кризата, односно кон интервенција на најранливите категории на граѓани од една страна, како и стимулација на економијата и санирање на штетите кон бизнис секторот од друга страна. Во овој труд фокусот ќе биде ставен на мерките и правните одредби за одржување минимално ниво на економска активност на туристичките и угостителски претпријатија во Република Македонија, за заштита на работниците во туристичкиот сектор и ублажување на негативните последици од кризата во туристичкиот сектор.

Published
2022-05-18