ПЕРСПЕКТИВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ ВО БИЗНИС ЛОГИСТИКАТА

  • Mario Chobanov
Keywords: организација, отпад, трошоци, одржливост, реинжинеринг, логистички процеси

Abstract

Економската кризна состојба, како и глобалните промени кои настанаа како резултат од пандемијата предизвикана од ковид-19, а од друга страна неефикасноста на повеќето од домашните компании да се справат со актуелните проблеми се доволен и сигурно најсилен аргумент во прилог на потребата од изнаоѓање нови перспективи во управувувањето со квалитет во бизнис логистиката. Токму од истата причина, во овој труд како предмет на анализа ќе го набљудуваме Lean концептот во улога на еден современ термин, односно Lean логистика. Во современиот и развиениот свет, оваа практика стана неопходен инструмент за управување со квалитетот во бизнис логистиката и потребно е да се направат напори Lean логистиката да стане моќна перспектива на домашните компании во надминување на вонредните состојби и воопшто глобалните промени во економијата и управувањето, односно менаџментот и организацијата

Published
2022-05-18