ИМИЏОТ И РЕПУТАЦИЈАТА НА ДЕСТИНАЦИЈАТА КАКО ФАКТОР ЗА ПРОМОЦИЈА НА ПРЕСПАНСКИОТ РЕГИОН КАКО ТУРИСТИЧКА ДЕСТИНАЦИЈА ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Џеват Кицарa

Abstract

Република Северна Македонија и Преспанскиот регион, како туристичка дестинација, во пласманот на својот туристички производ треба да се потпре најмногу на домашниот и регионалниот пазар, но исто така и на некои од поголемите туроператори. Големите туристички агенции го контролираат пазарот, додека пак туроператорите немаат финансиски стимуланс за да можат долгорочно да ги одржат односите и подготвени се да ги сменат своите програми доколку воочат и најмал проблем. Најдобра помош за туроператорите е квалитетен и препознатлив имиџ, со цел, подобра промоција, афирмација и продажба на аранжманите во туристичка дестинација, а пример за тоа е Преспа и Преспанскиот регион. Целта на трудот, односно на самото истражување, е врз база на анализата и студија за имиџот и репутацијата на Преспанскиот регион во нашата држава, како туристичка дестинација, да се пронајде соодветна алатка за маркетиншка комуникација, а со тоа и промоција за целокупно обликување и претставување на новиот имиџ на Преспа како туристичка дестинација во странство.

Клучни зборови: туризам, туристички маркетинг и промоција, публицитет, стандарди, туристички производ

Published
2021-11-03