РЕГУЛАТИВАТА ЕУРОДАК: КОН ПОДОБАР СИСТЕМ ЗА ЕВИДЕНЦИЈА И КОНТРОЛА МИГРАЦИЈАТА И АЗИЛОТ

  • Ивица Јосифовиќ
Keywords: Еуродак, регулатива, азил, миграција, база на податоци

Abstract

Еуродак се однесува на европска биометриска база на податоци во која од државите-членки се бара да ги внесат податоците за отпечатоци од прсти на барателите на азил за да идентификуваат каде влегле во Европската унија. Тоа е компјутеризиран систем составен од централна единица, која работи со централната база на податоци за биометриски податоци и комуникациска инфраструктура за пренос на податоци помеѓу државите-членки и централната единица. Прво воспоставена во 2000 година според Регулативата на Еуродак и разгледана во 2013 година, нејзината главна цел на почетокот било да се олесни примената на Даблинската регулатива, која ја одредува државата-членка одговорна за обработка на барањето за азил. Ова била основната логика за создавање база на податоци Еуродак, во која од државите-членки се бара да ги снимаат податоците за отпечатоци од прсти на сите лица кои бараат азил или кои се нелегално ја преминуваат надворешната граница на ЕУ. Измената од 2013 година го прошири опсегот за да им обезбеди пристап на органите до Еуродак базата на податоци. Како дел од реформата на заедничкиот европски систем за азил во 2016 година, Европската комисија предложи изменета Регулатива за Еуродак на 23 септември 2020 година.

Клучни зборови: Еуродак, регулатива, база на податоци, азил, миграција

Published
2021-11-03