КОН ПРИСТАПЕН ТУРИЗАМ ВО РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Дејан Методијески
  • Оливер Филипоски
Keywords: туризам, пристапност, попреченост, Република Северна Македонија

Abstract

Туризмот е активност на луѓето кои патуваат надвор од своето постојано место на живеење, појава која е
присутна во сите земји во светот и бележи се поголем раст на глобално ниво. Инклузијата, попреченоста,
стареењето на светското население и туризмот се важни полиња на истражување, бидејќи истите имаат свои импликации врз понудата и побарувачката на туристички производи и услуги. Предмет на овој труд е пристапниот туризам и состојбата со овој вид на туризам во Република Северна Македонија. Во трудот се дадени основните аспекти на пристапниот туризам и различни иницијативи поврзани со овој вид на туризам во земјата. За потребите на трудот, употребена е методологија на истражување и секундарни извори на податоци преку консултирање на релевантна литература поврзана со пристапниот туризам, како и интернет. Направена е анализа и преглед на примери на пристапен туризам, врз основа на систематска евалуација на нивната содржина и активности. Заклучните согледувања се однесуваат на потенцијалите за развој на пристапниот туризам, во насока на подобрување на условите за пристапност во Република Северна Македонија како туристичка дестинација 

Published
2021-11-03