МЕНАЏМЕНТ НА АНИМАЦИЈАТА ВО ТУРИСТИЧКО- УГОСТИТЕЛСКИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА

  • Gorgi Petkoski
  • Cane Koteski
Keywords: клиент, објекти, специјализирани кадри, ефикасност, ефективност, деловен тим

Abstract

Анимацијата во туризмот и угостителството има посебно значење и свои специфичности. Тоа произлегува од специфичностите на туризмот, што во различен обем и интензитет опфаќа различни стопански и нестопански дејности. Анимацијата во туризмот и угостителството во овој труд се разгледува како специјалност на менаџери за анимација, како креатори на анимациски програми  и стручно образовани и специјализирани кадри - аниматори. Но, истовремено треба да се апострофира дека анимацијата не може и не треба да биде професија само на менаџерот и аниматорот. За ефективно и ефикасно реализирање на програмите на анимацијата во туризмот и угостителството, неопходна е тимска работа во која партиципираат сите членови од туристичкото претпријатие, а аниматорот е рамноправен член на деловниот тим.

Published
2022-05-18