ПЕРСПЕКТИВИ ЗА РАЗВОЈ НА СПА И ВЕЛНЕС ТУРИЗАМ ВО СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

  • Емилија Тодоровиќ
Keywords: спа туризам, велнес туризам, Северна Македонија

Abstract

Туризмот претставува динамичен систем кој во услови на глобализација овозможена пред сè од развојот на информатичката технологија влијае врз туризмот и промените кои се случуваат на туристичкиот пазар: подобрување на комуникацијата, развој на глобалните резервациски системи, директна резервација и продажба на услуги итн. Освен во понудата, промените на туристичкиот пазар се случуваат и на страна на побарувачката, што значи и промена на однесувањето на потрошувачите. Задоволувањето на туристичките потреби налага развој на алтернативни форми или видови туризам кои во суштина се насочени кон сегментирани групи потрошувачи и настојуваат да ги задоволат нивните барања и потреби. Во овој труд направена е анализа на условите за развој на спа и велнес туризмот во Северна Македонија како алтернативни форми на туризмот кои доживуваат брз раст во светот. За потребите на трудот извршено е кабинетско истражување и користени се секундарни извори на податоци и интернет. Резултатите се прикажани со помош на табели и графикони, а заклучните согледувања се однесуваат на утврдување на потенцијалот за развој на спа и велнес туризмот во Северна Македонија како туристичка дестинација.

Published
2022-05-18