Себеистражувањето и истражувањето на окружувањето во процесот на управување со кариерата
Аннотация
Истражувањето на кариерата претставува прибирање и анализа на информации за прашањата поврзани со кариерата. Преку овој процес може да се добијат информации за сопствените карактеристики (себеистражување), како и информации во врска со опкружувањето: занимањата, работните места, организациите и семејството. Целта на истражувањето на кариерата е да му помогне на поединецот да развие поголема свесност за себе и за своето опкружување, со цел да може да постави реалистични цели и да осмисли соодветни стратегии. Активностите во доменот на истражување на кариерата станаа особено значајни во последниве години во кои зголемената неизвесност и намалената сигурност на работното место бараат од луѓето да бидат приспособливи и флексибилни во пристапите кон управувањето со кариерата. Ако се познавате себеси и ако го сфаќате своето работно опкружување, тоа може да ви помогне да поставите разумни и значајни цели, како и да ве подготви за промените во кариерата, без оглед на тоа дали тие промени ќе бидат планирани или не. Всушност, способноста да се биде подготвен за промени и за нарушувања во кариерата, е суштината на управувањето со „безграничната“ кариера.