ПЕРСОНАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА

  • Славица Михова
  • Марија Хаџи-Николова
  • Дејан Мираковски
  • Николинка Донева

Abstract

Изложеноста на високи нивоа на бучава во металната индустрија претставува ризик фактор како во
развиените земји така и во земјите во развој. Високите нивоа на бучава се резултат претежно на бучните машини
кои се користат во процесот на производство и обработка на металите.
Со цел да се утврди персоналната изложеност на бучава на одделни работни места во металната индустрија
беше извршено мерење на персоналната изложеност на бучава на 40 работници, распоредени на 8 работни места,
во погон за производство на цевки и профили, во реално време, користејќи дозиметри за бучава.
А-нормираниот еквивалентен звучен притисок (LAeq) за секој работник беше утврден во текот на
извршувањето на работните задачи на даденото работно место и беше пресметана нормализираната 8-часовна
експозиција, наречена дневно ниво на изложеност на бучава (Lex, 8h). Дневната доза на бучава е уште еден
дескриптор за изложеност на бучава кој беше одреден како мерка за вкупната звучна енергија на која работниците
се изложени во текот на работните активности.

Published
Dec 26, 2017
How to Cite
МИХОВА, Славица et al. ПЕРСОНАЛНА ИЗЛОЖЕНОСТ НА БУЧАВА НА РАБОТНИЦИТЕ ВО МЕТАЛНАТА ИНДУСТРИЈА. Natural Resources and Technology, [S.l.], v. 11, n. 11, p. 89-94, dec. 2017. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/NRT/article/view/1997>. Date accessed: 25 feb. 2018.