Проф. д-р Ванче Стојчев е роден на 15 февруари 1951 година воселото Црвулево, Општина Карбинци, Штип. Воден од љубовта конмакедонската историја исполнета со буни, востанија и војни, уште напочетокот тој се насочува кон военото образование и обука и се запишувана пешадиската подофицерска школа во Сараево, што ја завршува во1970 година. Во 1978 год. успешно ги завршува факултетските студииза општонародна одбрана во Белград. Неговата неприкосновена волја засознание го тера целосно да се посвети на научноистражувачката мисла, така што во 1986 год. тој го заокружува своето воено образование наВоената академија на КоВ во Сараево и истата година магистрира наУниверзитетот во Белград на Факултетот за политички науки - насокаСовремена историја, на тема „Националното прашање и положбата нанародностите во СР Македонија“. Набрзо потоа, тој запишува докторскистудии на истоимениот белградски факултет, каде докторира во 1992година на тема „Бугарскиот окупациски систем и геноцидната политикаво Југославија 1941-1944 година“.