Правото на самоопределување на народите и правото на сецесија како последна инстанца од правото на самоопределување
Authors
Ana Nikodinovska
Abstract
Традиционалното меѓународно право, поткрепено одпраксата на Друштвото на народите, не остави без сомнение никаковпростор за одобрување и/или нормирање на правото на сецесија.Современото меѓународно право, врз основа на историските збиднувањаи тенденции, како и на праксата на Организацијата на oбединетите нации,му дава на правото на сецесија сè поголем простор. Правото на сецесијадоби своја тежина со нормирање на принципот на самоопределувањена народите сè до неговата потесна интерпретација како крајна нуждана истиот принцип. Оттука, феноменот отцепување се кон фи гуриракако финална норма односно како последна инстанца на правото насамоопределување. Афирмирајќи се на тој начин, правото на сецесија,всушност, се стекна со една серија на гаранции кои произлегуваат одмеѓународниот режим за признавање на нови субјекти во меѓународнотоправо и се здоби со правото да биде третиран во рамките на меѓународнатазаедница.