Процесот и методите на признавање на држави

  • Aneta Stojanovska

Abstract

Начинот на кој меѓународното право и обичаи се имаат определено кон признавањето на суверенитетот на државите и, согласно со тоа, начините на кои се одвива нивното признавање, како рамноправни субјекти на меѓународната сцена, го предизвикувала со години вниманието на истражувачите. Во овој труд, авторот се осврнува кон ова суштествено поглавје на меѓународното право и обичаи, обидувајќи се на систематизиран начин да ги изнесе главните постулати во однос на споменатите теми. Трудот е составен од вовед, заклучок и две поглавја. Во првото поглавје, со наслов: „поимно определување на суверенитетот“ се определуваат главните карактеристики на овој термин, согласно со нормите на меѓународното право, додека во второто поглавје: „признавањето на државите и меѓународното право“ се дефинираат главните елементи на овој процес, се споделуваат постојните дилеми и се определуваат граничните случаи во оваа област. На крајот, врз основа на истакнатото се изведува заклучокот според кој наспроти нормите на меѓународното право, заради отсуството на хиерархизираност во меѓународните односи, истите не секогаш имаат своја потполна примена.
Published
Apr 16, 2013
How to Cite
STOJANOVSKA, Aneta. Процесот и методите на признавање на држави. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 1, n. 1, p. pp.265-274, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/172>. Date accessed: 02 july 2020.