Ниската резилиентност и криминогените особини на личноста на малолетните деликвенти во РМ

  • Stevan Aleksoski

Abstract

Според резултатите од нашите истражувања врз примерок на малолетни лица – деликвенти, малолетните деликвенти кои живее лево неповолна микро и макро средина во голема мера имаат формирано криминогени особини на личноста, имаат мал криминален имунитет и имаат низок степен на резилиентност. Немањето на криминален имунитет и постоењето на голем број криминални особини претставува склоност кон вршење на разни форми на криминални активности од страна на малолетните лица. Овие лица немаат ниту интелектуален ниту емоционален капацитет да се соочат со некои животни барања, не можат да одговорат на тие барања, немаат сила да ги надвладеат и да им се спротивстават на тешкотиите и затоа се смета дека имаат низок степен на резилиентност. На ниската резилиентност на овие малолетни лица влијаат и некои внатрешни влијанија (лични особини),но и разни неповолни надворешни животни услови и ситуации, како и непостоењето на еднакви можности на поединците во општеството за остварување на животните цели.

Published
Apr 16, 2013
How to Cite
ALEKSOSKI, Stevan. Ниската резилиентност и криминогените особини на личноста на малолетните деликвенти во РМ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 1, n. 1, p. pp.25-48, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/177>. Date accessed: 02 july 2020.