Нациите и национализмот на Балканот

Authors

  • Strasko Stojanovski

Abstract

Основите на европската култура и цивилизација лежат во културното наследство кое потекнува од просторите на „античкиот Балкан“. Историјата на Западна Европа со поделбата на Римската Империја, во голема мера го исклучува балканското културно наследство. Последното е особено изразено во однос на Османлискиот период. Создавањето на модерните нации овозможува „Западниот“ принцип на нација - држава да биде промовиран меѓу христијанското османлиско население. Големо националните проекти на младите балкански нации придонесува просторот на Балканот да прерасне во пејоративна културна зона, во која „државната принуда“ на „легитимните власти“ е искористена за механичка конструкција на идентитетите, што е далеку од нивната визија за органско квалификување на нацијата. Современиот поглед на постмодерниот глобален свет ги промовира европските перспективи на Балканот.

Downloads

Published

2013-04-16

Most read articles by the same author(s)