Концепт на нематеријална штета – правна регулатива и правни тенденции

  • Marija Radevska

Abstract

Во услови во кои сѐ поголем е бројот на односи настанати со причинување на штета како актуелно прашање се наметнува прашањето за нејзин надомест. Меѓу основните прашања кои правото треба да ги одговори во поглед на надоместот на штета е прашањето кога одредена штета е надоместлива. Ако се земе превид дека концептот на материјална штета е прилично развиен и познат уште од многу стари времиња, ова прашање се сведува само на концептот на нематеријална штета кој го прифаќаат правните системи. Тој е порестриктивно поставен во погледна материјалната штета и главно казуисички се утврдени случаите кога е дозволен надомест на нематеријална штета. Ваквите решенија во едно доведуваат до ситуација најголемиот дел од случаите кога се причинува нематеријална штета да останат надвор од границите на правото и оштетениот сам да ја поднесува штетата. Од друга страна, измените во правните правила во последните години укажуваат на присуство на една тенденција која се придвижува кон создавање на општо правило за надомест на нематеријална штета. Развојот на овие тенденции го согледуваме преку анализата на одредбите на граѓанските законици,меѓународните инструменти кои ја уредуваат договорната одговорност,како и на примерот на македонското право.
Published
Apr 16, 2013
How to Cite
RADEVSKA, Marija. Концепт на нематеријална штета – правна регулатива и правни тенденции. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 2, n. 2, p. pp.147-162, apr. 2013. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/185>. Date accessed: 24 nov. 2017.