ПРИКАЗ НА ЗАКОНОТ ЗА АДВОКАТИТЕ ЗА КРАЛСТВОТО НА СРБИТЕ, ХРВАТИТЕ И СЛОВЕНЦИТЕ ОД 1929 ГОДИНА

  • Анета Атанасовска Цветковиќ

Abstract

Адвокатурата, како правна професија, не е творба на новото, модерно време.
Адвокатите, како заштитници на правно неуката странка, своите услуги ги давале уште од
времето на моќниот Рим. Како се менувале времињата, владетелите, политичките услови и
општествените потреби, така, адвокатите и адвокатурата добивале законски одредби кон кои
морале да се придржуваат. Овој труд е приказ на еден конкретен закон, во еден конкретен
историски период, а изработен е со цел да се прикажат условите и начините со кои адвокатите
постапувале, кои биле нивните права и обврски, како се станувало адвокат и како бавењето со
адвокатурата престанувало и да се прикаже еден закон кој важел и на територијата на Република
Македонија, кон кој се придржувале авокатите од тоа време. Во исто време, овој труд, има за цел
да ја прикаже значајната улога и автономија која ја имал адвокатот во тој конкретен историски
период.
Клучни зборови: правник, адвокат, закон, историја, историски период, општество

Published
2019-05-27