УБИСТВО ПРИ ВРШЕЊЕ НА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО

  • Маријан Габеров

Abstract

Потребата за инкриминирање на семејното насилство од страна на државата
има своја оправданост, која се состои во фактот да се гарантира сигурноста на секој поединец,
како и заштитата на неговиот телесен и морален интегритет. Инкриминирањето на семејното
насилство во Република Македонија е направено преку негова опфатеност во рамките на
Кривичниот законик на државата, во различни кривични дела. Во рамките на сетот на кривични
дела кои може да се подведат под семејното насилство во Република Македонија, посебно
внимание привлекува кривичното дело Убиство при вршење на семејно насилство. Предмет на
овој труд е определувањето и анализирањето на законското битие на Убиството при вршење на
семејно насилство, како би се определиле сите карактеристики на ова тешко кривично дело.
Клучни зборови: убиство, насилство, семејство, агресија, живот

Published
2019-05-27