МЕЃУНАРОДНО ВОЕНО /ХУМАНИТАРНО ПРАВО

  • Наташа Донева

Abstract

Апстракт: Меѓународното хуманитарно и воено право иако навидум област која веќе е солидно елаборирана, сепак постојат одредени „празнини“ кој истата ја прават секогаш актуелна, поточно тема која бара константно ажурирање кон новите предизвици, сè со цел да се спречи нивно ескалирање.
Целта на овој труд е токму тоа, да се навлезе во с`ржта на ова меѓународно право. Но за да се направи целосно тоа, мора да се започне од почетокот, прво да се даде краток ретроактивен приказ на зачетокот на меѓународното хуманитарно / воено право. Од каде идејата за создавањето, но уште поважно каков е процесот на зацврстување и етаблирање на меѓународното воено/хуманитарно право? Колку е успешна имплементацијата на истото, дали и ден денеска е само формално напишано утопистичко парче хартија? Кои се меѓународните документи кои се „задолжителна литература“ во оваа област? Колку познатите конвенции се респектибилни? Ова се само дел од прашањата кои денеска се исправени пред многубројни кризи кој сè уште чекаат одговори. Одговори кои ние ќе се обидеме да ги анализираме.
Клучни зборови: војна, конвенции, меѓународно право, меѓународен обичај, правда

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
ДОНЕВА, Наташа. МЕЃУНАРОДНО ВОЕНО /ХУМАНИТАРНО ПРАВО. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3054>. Date accessed: 21 sep. 2019.