ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ И СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА И НИВНО РАЗЛИЧНО ДЕФИНИРАЊЕ

  • Жаклина Трајковска Анчевска
  • Наташа Димеска

Abstract

Апстракт: Факторите кои влијаат на концептите за квалитет на живот и социјалната инклузија се многу комплексни во нивното анализирање, компарирање и дефинирање.
Анализата на општествените појави кои можат да ги детерминираат овие концепти се многу обемни и е тешко да се направи јасна дистинкција во подредување на една приоритетна листа на појавите, за кои би требало да се преземат соодветни мерки, активности како и изготвување на акциони планови за подобар пристап кон нивно решавање.
Влијанието кои го детерминираат квалитетот на живот и социјалната инклузија зависи од политичките, економските, институционалните фактори со посебен фокус на организацијата и функционалноста на институциите, потоа развој на системите за социјална и здравствена заштита, негувањето на културата и традицијата, зајакнување на локалните власти како и намалување на стапката на невработеност. Сите овие фактори имаат големо влијание на субјективното задоволство на поединецот, истовремено насочувајќи кон градење на стратешки мерки и модели кои ќе бидат продуктивни, современи и адекватни.
Креирањето и преземањето на мерки од политички аспект на одредено структурно ниво, подразбира дека човековите права ќе бидат заштитени сè со цел подобрување на условите на поединецот во општеството, односно социјалната инклузија подразбира чувство на прифатеност во заедницата, поединците да бидат почитувани како личности, кои врз основа на развој на своите способности можат да допринесат за поквалитетно општество.
Потребно е преземање на конструктивен пристап во рамките на општеството, со посебен акцент на факторите кои го детерминираат квалитетот на живот и различните показатели кои укажуваат за негова проценка, објективните и субјективните димензии кои го генерализираат во повеќе аспекти во општествениот живот.
Клучни зборови: поединец, општество, заштита

Published
Aug 18, 2019
How to Cite
ТРАЈКОВСКА АНЧЕВСКА, Жаклина; ДИМЕСКА, Наташа. ФАКТОРИ КОИ ВЛИЈААТ НА КВАЛИТЕТОТ НА ЖИВОТ И СОЦИЈАЛНАТА ИНКЛУЗИЈА И НИВНО РАЗЛИЧНО ДЕФИНИРАЊЕ. Yearbook - Faculty of Law, [S.l.], v. 7, n. 7, aug. 2019. ISSN 1857- 8713. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFL/article/view/3064>. Date accessed: 21 sep. 2019.