Специфичности во работата со надарени ученици – дефинирање и идентификација
Abstract
Работата со надарени деца е доста специфична и комплексна задача за наставникот. Движењето на едно општество кон научниот, техничко-технолошкиот и општествениот прогрес сè повеќе зависи од неговите вкупни интелектуални потенцијали, во прв ред, од најкреативните негови членови, со колкава грижа ги негува, поддржува и поттикнува. Поради тоа, на работата со надарените деца и младинци им се посветува големо внимание во сите воспитно-образовни системи во светот.
Притоа на тоа прашање му се приоѓа од:
– психолошки,
– педагошки; и
– економски аспект.
За ова ќе стане збор во продолжение на индивидуалниот труд.