Основни карактеристики на музичкиот фолклор во Република Македонија

  • Ilco Jovanov

Abstract

Фолклорното творештво создавано на македонска територија е процес кој траел со векови. Имено, и покрај разните историско-социјални случувања и влијанието на културите на народите од соседните држави, македонскиот народ создал творештво карактеристично по својот фолклорен израз - инспириран од содржините на обичаите, традиционалните носии и песните. Тие компоненти се главните белези и инспирација на музичкото фолклорно творештво во Македонија, кое е составено од вокална, инструментална и вокално-инструментална музика. Во зависност од местото на создавањето и од содржините кои се изразени во него, музичкото фолклорно творештво на Македонија ги изразува спецификите на традициите на градските средини и традициите кои ги одбележуваат селските средини.

References

Јованов, Илчо (2004). Историскиот развој и утврдување на Оркестарот на народни инструменти при МРТВ (магистерски труд)

Линин, Александар. (1986). Народните музички инструменти во Македонија. Скопје

Тодевски, Кирил (2004). Народен уметник со универзални вредности: Пеце Атанасовски.

Џимревски, Боривоје. (1985). Чалгиската традиција во Македонија.

Published
2013-07-08