ТЕМАТСКИТЕ ПРЕОКУПАЦИИ ВО „ДОЛГА ЦРНЕЧКА ПЕСНА“ НА РИЧАРД РАЈТ

  • Dragan Donev
  • Marija Krsteva

Abstract

Периодот на 20-тите години на минатиот век е револуционерна
декада за Афроамериканците. Тоа е времето на „новиот Црнец“, кога тој
за првпат самоуверен успева да се пронајде себеси и да му покаже на светот
дека не е задоволен со „местото“ кое му било доделено. Прибежиште наоѓа
во брзорастечкиот Њујорк и го претвора во центар на афроамериканската
литература, уметност и музика. Афроамериканскиот идентитет отсекогаш бил
тематска преокупација за црнечките автори и уметници. Така, главната цел на
Рајт е да ги прикаже Црнците најверодостојно што може рушејќи го митот на
белците за нив како мирни и понизни луѓе. „Долга црнечка песна“ е еден од
осумте раскази од колекцијата „Децата на чичко Том“ и обид на Рајт да го воведе
„новиот Црнец“.

Published
2018-12-22

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 4 > >>