Критичка анализа на метафората во политичкиот дискурс

Authors

  • Dragan Donev

Abstract

Овој труд има за цел да ја покаже големата улога што метафората ја игра, особено во политичкиот дискурс. Исто така ќе се обидеме да прикажеме како се формираат верувањата кај потенцијалните следбеници на политичарите и како тие се препознаваат во нивните говори. Во овој процес е клучна метафората, и тоа не само во површинскиот фигуративен јазик, туку и во длабинските метафори кои се базираат на човековите длабоко вкоренети вредности воопшто за сите феномени во животот. Од политичките говори зависи колку тие ќе успеат, се разбира во едно демократско општество, да ги анимираат и да ги придобијат гласачите на своја страна. Ќе презентираме како концептуалната метафора ги активира тие длабински вредности и како прави да препознаеме некои од нашите вредности во говорите на политичарите.

Downloads

Published

2013-04-12

Most read articles by the same author(s)

1 2 3 > >>