CANONE INVERSO ИЛИ ЗА УМЕТНОСТА И БЕСКРАЈОТ (критички осврт на романот од Паоло Мауренсиг)

  • Eva Velinova

Abstract

Текстот што следи претставува критички осврт на едно од
делата на современиот италијански писател Паоло Мауренсиг (1943-), Canone
inverso, кое ја следи приказната на талентираниот виолинист Јене Варга,
руиниран музичар чиишто изведби ги освојуваат срцата на виенската публика.
Делото во себе ги обединува карактеристиките на bildungsroman и на роман на
потрага, каде што неизвесноста на дејствието оди во спрега со мистериозноста
која ги обвива ликовите, откривајќи го влијанието на германскиот романтизам и
посебно на расказите на Хофман врз Мауренсиг. Историјата на виолината која
Јене Варга ја има во оставина од неговиот исчезнат татко ги отвора пресвртените
моменти на трагањето по совршенството и бесмртноста преку музиката,
доблеста и суровоста на генијот, дисциплинирањето на талентот и слободата на
уметничкото создавање, традицијата и индивидуалниот талент.

Published
Dec 22, 2018
How to Cite
VELINOVA, Eva. CANONE INVERSO ИЛИ ЗА УМЕТНОСТА И БЕСКРАЈОТ (критички осврт на романот од Паоло Мауренсиг). Yearbook - Faculty of Philology, [S.l.], v. 6, n. 6, p. 169-173, dec. 2018. ISSN 1857- 8667. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/YFP/article/view/2521>. Date accessed: 02 june 2020.