ПРИМАРНОСТА НА СЕМАНТИЧКИОТ ПРИОД ВО АНАЛИЗА НА ГЛАГОЛИТЕ

  • Елени Бужаровска

Abstract

Во оваа статија ја застапуваме тезата за потребата на семантички приод во објаснувањето на граматичките својства на лексичките единици. Сметаме дека постојат заеднички приципи кои ги одредуваат универзалните својства на глаголите. За илустрација ги користиме глаголите за перцепција, кои формираат еден прилично затворен систем поделен на пет потсистеми: глаголи за вид, слух, мирис, допир и вкус. Користејќи примери од македонскиот, рускиот и англискот јазик покажуваме системот е организиран
според сетилната хиерархија: вид, слух, мирис, допир и вкус, која ја одредува способноста за лексикализација на значењета и способноста за нивната семантичка деривација. Така, семантичкото поле за вид има најголем број глаголи, а централните членови се најмногу склони кон метафоризација, идиоматизација и прагматизација на значењата. Во рамките на секој модалитет оперираат два семантички приципи базирани на опозиции и поврзани со сетилната хиерахија. Првата опозиција зависи од активната или пасивната улога на човекот во перцепирањето додека втората опозиција се спроведува според онтолошката суштина на перцепираниот ентитет. Улогата на перцепторот го одредува лексичкиот вид на глаголот, додека опозицијата директна-индирелтна перцепција влијае врз формата на дополнението.

Published
2019-01-28