СТИЛОТ НА ПРЕВОДОТ НА ДРАМАТА НА А. П. ЧЕХОВ „ВИШНОВАТА ГРАДИНА“ ОД МАРИЈА НАЈЧЕВСКА-СИДОРОВСКА

  • Костадин Голаков
  • Емил Ниами

Abstract

Едно од важните прашања во теоријата на преведувањето е проблемот на пренесувањето на стилската обоеност на јазикот. Постигнувањето „еквивалентност“ на преводот го подразбира и фактот дека преведувачот мора да биде способен да ја пренесе смислата на стилските особености во јазикот на преводот, од што зависи и квалитетот на самиот превод. Со оглед на фактот дека „еквивалентноста“ на ниво на стилот е услов за да може да се оцени еден превод како успешен или неуспешен, во овој труд се прави анализа на стилот на преводот на Марија Најчевска-Сидоровска на драмата „Вишновата градина“ од А. П. Чехов со цел да се види дали преведувачот успеал да ги задржи пренесе стилските особености на во јазикот-цел.

Published
2019-01-28