КЕРОЛОВСКАТА ФАНТАСТИКА НА ЈАН ЛАРИ

  • Јованка Денкова

Abstract

Во овој труд со наслов „Кероловската фантастика на Јан Лари“ авторката се осврнува на творештвото за деца на познатиот руски автор Јан Лари. Акцентот ќе се стави на  анализа на фантастиката во неговото творештво која е најочигледна во неговиот роман „Необичните доживувања на Карик и Валја“. Врз основа на претходно докажани и експлицирани теориски поставки за фантастиката во литературата за деца, од познати и еминентни теоретичари на литературата за деца, авторката на трудот ќе направи обид да ги открие елементите на фантастичното вo горепосочениот роман, конкретно елементите на она што во теоријата на литературата е познато како „кероловска фантастика“. Вниманието ќе се стави на тоа да се посочи колку Лари се придржувал кон фантастиката, дали таа била негова примарна цел и сл. 

Published
Jan 28, 2019
How to Cite
ДЕНКОВА, Јованка. КЕРОЛОВСКАТА ФАНТАСТИКА НА ЈАН ЛАРИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 127-138, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2657>. Date accessed: 16 oct. 2019.