ПАТУВАЊЕТО КАКО ИСТРАЖУВАЧКИ КОНЦЕПТ ВО КНИЖЕВНИТЕ СТУДИИ

  • Милица Денковска

Abstract

Истражувањето на патописната книжевност не е едноставна задача. За да се опише што е напишано во врска со патувањето, најпрво мора да се анализира модалитетот на патописот. Патописната литература може да произлегува од сосема различни интереси, мотивирана од комплетно различни аспирации. Може да се појави со интенција да го опише патувањето во своите дијахрониски трансформации; во тој случај би било полесно да се зборува за „историја на патувањето“. Никулецот на она што ќе прерасне во „теорија на патувањето“ или пак „филозофија на патувањето“ ќе изникне од рефлектирањето и теоретизирањето за значењето на патувањето. Оној кој патувањето го разгледува во неговите социјално релевантни димензии, пишува „социологија на патувањето“, а заинтересираниот за објаснување на емоционалните потреби и когнитивни предуслови, состојби и последици од патешествието од гледна точка на човечката физиологија, се занимава со „психологија на патувањето“. Целта на овој труд е да се истражи (недостатокот на) една развиена заедничка основа за единствена типологија на патописната книжевност како жанр и да се анализира несигурноста на концептот од една, како и неговиот плуралитет од друга страна, преку примери за сликата на Македонија во германскојазичните патописи.

Published
Jan 28, 2019
How to Cite
ДЕНКОВСКА, Милица. ПАТУВАЊЕТО КАКО ИСТРАЖУВАЧКИ КОНЦЕПТ ВО КНИЖЕВНИТЕ СТУДИИ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 139-148, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2658>. Date accessed: 14 dec. 2019.