КРЕИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ СО СТРУКТУРИРАН ИНПУТ ВО РАМКИТЕ НА ПОУЧУВАЊЕТО ГРАМАТИКА СО ОБРАБОТКА НА ИНПУТ

  • Весна Коцева
  • Марија Тодорова

Abstract

Во овој труд се разгледуваат активностите со структуриран инпут коишто се дел од пристапот поучување граматика со обработка на инпут. Во воведниот дел се претставува поучувањето граматика со обработка на инпут како настава по граматика која се заснова врз инпут, која има за цел да влијае врз вниманието на учениците кон податоците
во инпутот и да ги поттикне учениците да ја препознаат граматичката форма во инпутот. Во продолжение се опишуваат основните карактеристики на овој тип настава и на активностите со структуриран инпут. Потоа, се нагласуваат правилата коишто треба да се почитуваат при креирање на овие активности и се посочуваат упатствата кои треба
да се следат со цел да се изработат активности со структуриран инпут. Во завршетокот на трудот се дискутира за видовите на активности со структуриран инпут, односно се врши дистинкција меѓу референцијални и емоционални активности со структуриран инпут.

Published
Jan 29, 2019
How to Cite
КОЦЕВА, Весна; ТОДОРОВА, Марија. КРЕИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИ СО СТРУКТУРИРАН ИНПУТ ВО РАМКИТЕ НА ПОУЧУВАЊЕТО ГРАМАТИКА СО ОБРАБОТКА НА ИНПУТ. ФИЛКО / FILKO, [S.l.], p. 293-299, jan. 2019. Available at: <http://js.ugd.edu.mk/index.php/fe/article/view/2676>. Date accessed: 16 oct. 2019.